Мени

Светски ден за борба против СИДА

Oбјавено на: 15.04.2015

Y-PEER традиционално го одбележува светскиот ден на борба против СИДА. Активностите кои се спроведуваат имаат за цел да ја подигнат свеста на младите за одговорноста за сопственото здравје и подобрување на информираноста со цел спречување на нови инфекции, како и намалување на дискриминацијата кон лицата кои живеат со ХИВ.

***

10405351_1581915515371747_1186375172187838071_n

На 1ви декември (2014) – Светскиот ден за борба против СИДА, во Младинскиот Културен Центар-МКЦ во Скопје, Y-PEER Македонија ги повика медиумите да се информираат за спроведените активности во рамки на регионлната кампања „Младински глас-Иднината која ја посакувам во Источна Европа и Централна Азија“. На одржаната прес конференција новинарите имаа можност да се запознаат и со следните чекори и иницијативи кои ќе ги спроведува мрежата. Во рамки на настанот здружението на граѓани „Сенки и облаци“ ексклузивно го објави победникот на Конкурсот за дизајн на кондом пакување.  Победничко решение е концептот на Катерина Соколова, “Избери песна и играј сигурно” кое е графички  дизајн на  12 популарни стихови на светски познати песни, надоплолнет концептуално со QR код, кој на корисникот на кондом му овозможува преку еден клик да ја пушти избраната песна и да ужива во атмосферата.

 

***

302327_336155636473237_106636445_n

Во 2013 година Y-PEER поддржан од Фондот за население на Обединетите Нации и Министерството за здравство на Р. Македонија спроведе теренски активности на урбани локации низ Скопје. Во рамки на активностите беа одржани едукативни работилници, поделени информативни и промотивни материјали, како и бесплатни кондоми. Поддршка во подигањето на свеста и одбележувањето на овој ден даде и амбасадорот на Y-PEER – Дани Димитровска со свој настап во барот Арабеска.

 

***

Во 2009та година, со целосна подршка и соработка на UNAIDS и UNFPA , младинската мрежа Y-PEER Македонија го одбележа овој ден со настани во главниот град. Во рамки на одбележувањето се организираше собир во кафе барот Бариста. На настанот беше поделен промотивен материјал, бесплатни кондоми, и се боеја маички со симболите на борбата против СИДА. Истата вечер, следуваше и вториот дел од настанот: Таксират Фестивалот, со почеток во 22:00, под мотото Позитивен Концерт. Изведуваа: Foltin, Eye Que, Weeding Dub oод Francija и нашата Дани. Исто така, пред клубот Хавана, во мобилна единица, посетителите имаа можност да направат брз, бесплатен и доверлив ХИВ тест.

***

Во 2007  под мотото „Скрши го мразот-преземи водство“ на Скопското лизгалиште се одржа забавно едукативен настан. На овој настан младите имаа можност  да ја проследат Дани, како регионално заштитно лице на УНФПА за превенција на ХИВ/СИДА кај младите, со новата песна и видео спот „ХЕРОЈ“, спонзорирани од УНФПА. Исто така, премиерно беше прикажан едукативениот филм „Внимание! Може да се случи секому, може да ти се случи тебе! Користи кондоми. Спречи ја СИДА-та“ изработен од Y-PEER Македонија со поддршка од УНФПА и „Staying alive“ на MTV(Ем-Ти-Ви). Македонскиот филм беше селектиран во меѓународна конкуренција на 26 предложени сценарија и се прикажа на познатиот телевизиски канал MTV. Настанот беше проследен со шоу со уметничко лизгање, забава со Диџеј Вишко и делење едукативни материјали и кондоми. Комбето за доброволно, доверливо советување и тестирање беше поставено на влезот на лизгалиштето, додека волонтери промовираа и на присутните им нудеа бесплатно доверливо советување и тестирање за ХИВ/СИДА.

Архива

October 2020
M T W T F S S
« Jul    
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

Вести

Гласот на младите пренесен на политичкиот форум на високо ниво на Обединетите нации

Гласот на младите пренесен на

Оваа година на Политичкиот форум на високо ниво на Обединетите нации (High Level Political
ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ

ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ

Y-PEERОБЈАВУВАПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТза изработка на анализа на прашалник за млади и Ковид-19
Младински форум - Доброволен национален преглед (VNR)

Младински форум – Доброволен н

На 6 март 2020 година во Скопје, Y-PEER во соработка со Владата на Република Северна Маке
Работилници за Цели за одржлив развој и ICPD

Работилници за Цели за одржлив

Во декември 2019 во организација на Y-PEER, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скоп
Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и нивната иднина

Повик: Работилница за Цели за

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 15 млади кои ќе учествуваат на еднодневен