Видео активизам
Y-PEER, заедно со своите долгогодишни стратепки парнери како MTV Staying Alive Фондацијата и Dance4Life осбено е посветена во охрабрување на користењето на новите медиуми, социјалните мрежи и креативниот потенцијал на младите луѓе.
Како илустратиција и инспирација за ваквите креативни пристапи погледнете ги следните видеа:
http://www.dailymotion.com/video/x6h0ob_save-the-humans-part-1_news
Како дел од социјалниот маркетинг и промоцијата на пораки за здрави животни стилови интернационалната мрежа Y-PEER распишува конкурси и повици за изработка на активистички видеа, креативни содржини во кои можат да учествуваат младите креативци ширум светот.
Во рамки на кампњата 10 дена активизам која Y-PEER Македонија традиционално ја спроведува, во текот на 2012 под мотото „Ништо за млади – без млади“ се имплементираше национланата иницијатива, која меѓудругото резултираше со продукција на промотивниот видео клип.
Во 2007 во конкуренција на сценарија пристигнати од целиот свет, Y-PEER Македонија, од УНФПА и Ем-Ти-ВИ Фондацијата Staying Alive доби грант за продукција на кратко едукативно – забавно видео. Видеото со наслов „Внимание! Може да се случи секому, може да ти се случи тебе! Користи кондоми. Спречи ја СИДА-та“ низ креативен и симболичен начин претставува колаж од имагинарни ситуации во кои се прикажува невнимателноста на ликовите.
Ирина Јаневска (креатор на идејата, ко-сценарист и продуцент) изјави „ Драго ми е што на светско ниво, македонското сценарио доживеа успех и ги доби средствата за продукција, тоа е успех за Македонија. Видео активизмот е нова креативна алатка која е блиска до младите луѓе и Y-PEER умешно ја користи во својата мисија. Не ја добивме првата награда на Ем-Ти-Ви и во својот дипломски труд анализирајќи го проблемот јас објаснувам зошто е тоа така. Еден кадар навистина може да ја смени приказната. Во иднина планираме и да реобјавиме, наша, продуцентска верзија (producers vs director’s cut) на ова видео. Но, ова видео ќе остане да се памети во нашето делување, и сме среќни што преку нови пристапи таргетираме сериозен предизвик-превенција на ХИВ.“
Архива
M | T | W | T | F | S | S |
---|---|---|---|---|---|---|
« Jan | ||||||
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |