Мени

Конкурс за дизајн на младинска разгледница

Oбјавено на: 16.07.2015

Милениумските развојни цели (MDG) завршуваат во 2015-та година и затоа во септември 2015-та година, Обединетите Нации ќе договорат и ќе усвојат рамка која ќе ги наследи милениумските развојни цели преточувајќи ги во цели за одржлив развој. Меѓународната заедница и засегнатите страни, како што се владите на земјите- членки на ОН, агенциите на ОН и граѓанските организации, во многубројни процеси ги формулираат  новите развојни цели. Конкурсот за дизајн на младински разгледници е дел од втората фаза на националната кампања „Идеите ги споделувам гласно” во рамки на „Youth Voice“ – регионалната кампања која го застапува гласот на младите во развојната агенда на Обединетите Нации. Целта на конкурсот е да  ги инспирира младите креативно да се изразат на зададената тема, и понатаму преку печатење и дистрибуција на победничкото решение да им овозможи на младите да ги споделат своите мислења и ставови за светот каков што го посакуваат.


НАЧИН НА УЧЕСТВО:  Конкурсот трае до 5 август 2015г. Креативното решение, согласно пропишаните спецификации,  треба да се прати на postcards.ypeermk@gmail.com , при што ќе добиете потврда за успешно примање на решението (*Ваша одговорност е да нè контактирате доколку во рок од 24 часа не добиете порака за успешно примање на решението).
Задолжитено со праќањето на решението треба да се достават и следните информации* за авторот: име и презиме, возраст и контакт телефон.
Со испраќање на идејните решенија, авторите се согласуваат да бидат објавувани во печатена или електронска форма за потребите на организаторот на конкурсот.
Победникот ќе биде објавен на настанот за одбележување на Меѓународниот  ден на млади-12 август (датумот и локацијата дополнително ќе се утврдат, сепак нагласуваме дека присуството на победникот е повеќе од пожелно (читајте:задолжително):)).


ЖИРИ: Креативното решение за разгледниците кое најубедливо  ќе ја  комуницира целта на конкурсот, ќе биде избрано од страна на тим од претставници од  областа на младинска работа,младински активизам и графички дизајн.


НАГРАДА: Наградатa за победничкото решение е Pen Tablet Pro, и, се разбира, печатење на разгледницата со победничкото решение во тираж потребен за кампањата.


УСЛОВИ:

  • Разгледницата треба да повикува на младинско вклучување и учество при создавањето на развојните политики на светско ниво (препорачуваме: информирајте се за развојната агенда на ООН и улогата на младите во истата)
  • Разгледницата треба да комуницира младински дух, креативност, здружено делување, посветеност и енергија и да го слави гласот на младите.
  • Повикот е наменет за сите млади до 29 години од Македонија
  • Визуелното изразување е слободно, можат да се користат различни техники како графички дизајн, илустрација, фотографија, други визуелни техники и/или текст.Разгледницата треба да е дизјанирана во димензии (105mm × 148mm)
  • Решението треба да се достави во еден од следните  формати AI, EPS, PDF (со задолжителен  приказ во  JPG )
  • Доколку визуелното решение е фотографија, да се достави во 300 DPI

Преземете го повикот од овде:  Конкурс-младинска разгледница

*Подносителот на идејното решение, под целосна материјална и кривична одговорност, потврдува дека е автор на решението. Организаторот на конкурсот не одговара во случај на спор во однос на авторски права. Организаторот нема да биде одговорен во случај на повреда на авторските права на трето лице. Организаторот има право на користење на сите објавени фотографии во рамките на Конкурсот, за натамошна промоција на идејното решение во кој било облик и во кој било медиум.

Архива

October 2020
M T W T F S S
« Jul    
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

Вести

Гласот на младите пренесен на политичкиот форум на високо ниво на Обединетите нации

Гласот на младите пренесен на

Оваа година на Политичкиот форум на високо ниво на Обединетите нации (High Level Political
ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ

ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ

Y-PEERОБЈАВУВАПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТза изработка на анализа на прашалник за млади и Ковид-19
Младински форум - Доброволен национален преглед (VNR)

Младински форум – Доброволен н

На 6 март 2020 година во Скопје, Y-PEER во соработка со Владата на Република Северна Маке
Работилници за Цели за одржлив развој и ICPD

Работилници за Цели за одржлив

Во декември 2019 во организација на Y-PEER, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скоп
Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и нивната иднина

Повик: Работилница за Цели за

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 15 млади кои ќе учествуваат на еднодневен