Y-PEER на ICPD25 – Самит во Најроби

Oд 12 до 14 ноември 2019 година во Најроби – Кенија, се одржа ICPD25 глобалниот самит, во организација на УНФПА, Владата на Данска и Владата на Кенија.
Учество земаа над 9500 делегати од целиот свет и се заложија за завршување на агендата на Акциската програма на ICPD. Делегацијата на Република Северна Македонија, поддржана од УНФПА, учествуваше на Самитот каде ги презентираше и силно ја зајакна посветеноста на државата кон Целите на ICPD и Агендата 2030.
Во рамки на Самитот, делегатите имаа можност да учествуваат во дискусии, отворени панели и презентации, вклучувајќи ги и активностите кои произлегуваат од младите. Во организација на Y-PEER, за време на самитот се случуваше и панел дискусија на тема „Значајно младинско учество“ модерирана од Кристијан Ангелески од тимот на Y-PEER. Во рамки на дискусијата се зборуваше што може да се направи за да се унапреди учеството на младите во процесите на донесување одлуки и што е она што поинаку треба да се прави со цел да се осигураме дека никој нема да е изоставен.
За време на самитот, беа презентирани 14 заложби на државата коишто се од различни приоритетни области и се донесени со широк консултативен процес на засегнатите страни.
Самитот заврши со силни заложби од страна на 170 држави и партнерите со цел да го трансформираат светот преку ставање крај на мајчината смртност, незадоволената потреба за планирање на семејството и родово-базираното насилство и штетните пракси против жените и девојчињата до 2030 година.
Во име на Y-PEER во рамки на ICPD25 глобалниот самит учествуваше Кристијан Ангелески.
*** Погледнете го промотивното младинско видео за ICPD25 со клик тука ***
Архива
M | T | W | T | F | S | S |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |