Y-PEER

Y-PEER е глобална младинска мрежа на организации и институции која работи за и со млади луѓе во насока на активно вклучување на младите во процесите на донесување одлуки на локално, национално и интернационално ниво поврзани со заштита на нивното здравје и подобрување на квалитетот на живот. Во неа се вклучени повеќе од 700 граѓански органиции и државни институции во повеќе од 50 земји од регионите на Југоисточна Европа, Азија и Пацифик, Северна Африка и Арапските земји, Централна Африка и Јужна Америка.
Во Mакедонија Y-PEER мрежата постои од 2002 година и делува во насока на подобрување на сексуалното и репродуктивното здравје на младите и застапување на нивните права, вклучување на младите во процесите на донесување одлуки и активно застапување и промоција поврзана со Целите за одржлив развој (SDGs) и Агендата 2030 на Обединетите нации. Своите активности мрежата ги спроведува користејќи го пристапот на врсничка едукација, постојано работејќи на подобрување на стандардите и квалитетот на истата. Врсничка едукација (peer-to-peer) е процес при кој добро тренирани и мотивирани млади луѓе преземаат одговорност да организираат едукативни активности со нивните врсници (peers) со што помагаат во подобрување на знаењето, однесувањето, убедувањата, и вештините и ги оспособуваат да бидат одговорни и да носат информирани одлуки во живот.
МИСИЈА: Развивање и подржување на младински иницијативи за креирање можности и подигање на свеста за значајно младинско учество преку унапредување на информираноста, промоција на врсничка едукација и застапување за одржлив развој.
ВИЗИЈА: Подобрено знаење, однесување и вештини на младите, кои носат информани и одговорни одлуки и преземаат иницијативи и активности за застапување за глобален одржлив развој.
Основна цел на Y-PEER Македонија е застапување и лобирање за унапредување на легислативата, подигнување на јавната свест и афирмирање на правата на младите за пристап до квалитетно образование и едукација за сексуално и репродуктивно здравје и права, градење на капацитети и вклучување на младите во процесите на донесување одлуки, поттикнување на значајно младинско учество во процесите на креирање на младински политики и политики за одржлив развој.
Стратешки цели на Y-PEER Македонија се:
– Вмрежување на млади од различни возрасти, етникуми, социјално позадини и региони во државата.
– Поттикнување на дијалог за важни општествени теми.
– Поткревање на јавната свест за сексуално и репродуктивно здравје и права.
– Промоција на еднаков пристап и права за сите.
– Едукација на млади и нивно оспособување за пренесување на стекнатите знаења.
– Обезбедување на сеопфатно сексуално образование.
– Обезбедување едукација за одржлив развој.
– Дејствување за намалување на дискриминација кон различни маргинализирани групи во општеството.
– Учество во платформи и мрежи на локално, регионално и интернационално ниво.
– Учество во процеси за донесување политики, што соодвествуваат со мисијата на здружението.
– Создавање на услови за одржлив развој во економска, политичка и социјална.
– Поттикнување на професионална, студентска и врсничка мобилност.
Амбасадор на младинската мрежа во Македонија, но и во светот, е нашата поп звезда Дани Димитровска.
Архива
M | T | W | T | F | S | S |
---|---|---|---|---|---|---|
« Jan | ||||||
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |