Мени

Youth for SDGs – SDGs for youth

Oбјавено на: 29.10.2019

Oд 21 до 27 октомври 2019 година во Петрохан – Бугарија, се одржа младинската размена Youth for SDGs – SDGS for youth во организација на Меѓународната фондација за развој на Y-PEER.

 

25 млади од 12 земји земаа учество во младинска размена за Целите за одржлив развој. Од 17 цели, младите својата работа ја фокусираа на 3 цели: здравје и благосостојба (цел 3), квалитетно образование (цел 4) и родова рамноправност (цел 5). Користејќи различни алатки од неформалното образование и користејќи го пристапот врсник – врсник (врсничка едукација), младите имаа можност да работат на надградување на своите знаења поврзани со Целите за одржлив развој на Обединетите нации. Дополнително, учесниците имаа можност да се запознаат и со концептот за театарска едукација и користејќи ги алатките во рамки на програмата да креираат сценарио за едукативен театар секоја од целите.    

 

Во рамки на младинската размена, учесниците остварија средба во Министерството за млади и спорт на Република Бугарија каде со заменик министерот зборуваа за младинските приоритети и соработка помеѓу државите и со цел унапредување на можностите за мобилност и едукација како и квалитетот на животот на младите.

Архива

December 2020
M T W T F S S
« Jul    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Вести

Гласот на младите пренесен на политичкиот форум на високо ниво на Обединетите нации

Гласот на младите пренесен на

Оваа година на Политичкиот форум на високо ниво на Обединетите нации (High Level Political
ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ

ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ

Y-PEERОБЈАВУВАПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТза изработка на анализа на прашалник за млади и Ковид-19
Младински форум - Доброволен национален преглед (VNR)

Младински форум – Доброволен н

На 6 март 2020 година во Скопје, Y-PEER во соработка со Владата на Република Северна Маке
Работилници за Цели за одржлив развој и ICPD

Работилници за Цели за одржлив

Во декември 2019 во организација на Y-PEER, со поддршка од канцеларијата на УНФПА во Скоп
Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и нивната иднина

Повик: Работилница за Цели за

Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 15 млади кои ќе учествуваат на еднодневен